За нас

Дел од Мак Аутостар: малку користени премиум возила, проверени и подготвени пред испорака.

Premium Used е составен дел од „Мак Аутостар“ и се занимава со продажба на малку користени премиум возила од програмата на Mercedes-Benz, Audi и BMW. Специфичноста на услугите се состои во понудата на користени возила, кои се исклучиво со помал број изминати километри и во добра состојба. За таа цел, доколку се случи евентуален дефект на возилото во периодот од денот на купување до наредните 6 месеци, салонот Premium Used врши бесплатна поправка.

Целта на нашата компанија е фокусирање кон можноста, клиентот да пронајде сè на едно место – целосно решение за мобилноста.

Мак Аутостар е компанија основана во 1994-та година и е генерален дистрибутер на повеќе брендови од автомобилската индустрија, односно овластен продавач и сервисер на
Mercedes-Benz патнички и комерцијални возила, автобуси, Setra, Evobus, Unimog и Fuso, овластен сервисер за Mitsubishi Motors, како и овластен дистрибутер на познатиот бренд за масло Mobil.

Зошто Premium Used

Premium Used е дел од Мак Аутостар, генералниот дистрибутер на Mercedes-Benz во Македонија од 1994 година. Секое возило во салонот поминува низ истата подготовка пред да го добиете.

  • Не постари од 5 години

    Возила со мал број изминати километри, во проверена состојба.

  • Бесплатно сервисирање пред испорака

    Комплетна проверка и сервис на возилото пред да ви го предадеме.

  • Бесплатно полирање и хемиско чистење

    Надворешно полирање и хемиско чистење на внатрешноста.

  • Бесплатна регистрација

    Првата регистрација на возилото е наш подарок.

  • 6 месеци бесплатно отстранување на дефекти

    Евентуален дефект во првите 6 месеци по купувањето го поправаме бесплатно.

Мак Аутостар од 1994 година

Мак Аутостар е компанија основана во 1994 година и е генерален дистрибутер на повеќе брендови од автомобилската индустрија: овластен продавач и сервисер на Mercedes-Benz патнички и комерцијални возила, автобуси Setra и EvoBus, Unimog и Fuso, овластен сервисер за Mitsubishi Motors и овластен дистрибутер на брендот за масла Mobil.

Premium Used е нејзиниот салон за малку користени премиум возила, во новата зграда на Mercedes-Benz во Скопје.

Дојдете во салонот

Салонот Premium Used се наоѓа во Премиум Бизнис Центар, во зградата на Mercedes-Benz. Јавете се или пратете прашање за возилото што ве интересира.

Адреса
Премиум Бизнис Центар, Бул. Киро Глигоров бр. 2
1000 Скопје